Превентивна активност фокусирана на кражби и измами на ОВР Кавадарци
На повеќе локации низ Кавадарци, полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Кавадарци вчера, реализирале превентивна активност посветена на проблематиката со имотните деликти, поточно превенцијата, посевно кај повозрасната категорија на граѓани од кражби и измами
-Под мотото ,,Заштити го домот од кражби-безбедност на вашиот дом“, фокусирајќи се особено на тешките кражби, како и измамите, полициските службеници им укажуваа на граѓаните, пред се постари лица и пензионери за постапките што треба да се превземат за превенција и заштита од овие форми на кривични деликти, како и околу потребата од комуникација и соработка со полицијата за нивно ефикасно сузбивање, пишува во соопштението на Министерство за внатрешни работи.
Притоа, на граѓаните им беа делени печатени материјали со информативни содржини за нивно запознавање како и на кој начин можат да се заштитат од овие имотни деликти.
Стефани Манева