Притворен дилер на дрога од Велес
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен велешанец поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Од Основното јавно обвинителство Велес соопштија дека осомничениот на 20 јули, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – хероин во количина од 26,76 грама. Дрогата ја купил од Скопје по што со автомобил управуван од негов пријател се враќал кон Велес, движејќи се по автопатот А1. На наплатната станица „Сопот“ овластени полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес го сопреле возилото и констатирале дека наркотичната дрога ја држи во џебот.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка на Основен суд Велес достави предлог за определување притвор против осомничениот, што е прифатено и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.
Стефани Манева