Приведен дилер во Велес, пронајдена дрога, дигитална вага и пари

Објавено на 25 јули, 2024 во 14:15

Полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при Сектор за внатрешни работи Велес го лишиле од слобода дваесет и шест годишниот велешанец А.Т. Како што пишува во дневниот билтен на СВР Велес, при претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени марихуана, хашиш, семки од канабис, растение канабис сатива, дигитална вага и пари во различни валути и апоени.

-А.Т. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и против него е поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, пишува во дневниот билтен на СВР Велес.

Полициските службеници го привеле вчера, во 14:25 часот.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.