Приведен велешанец кој се заканувал на својата невенчана сопруга, одземени пушка и муниција
Објавено: 12 ноември, 2025, во 13:15 часот
Педесет и седум годишнен велешанец, четири часа по полноќ, бил лишен од слобода од страна на полициски службеници на Сектор за вантрешни работи Велес.
Како што пишува во дневниот билтен, велешанецот се заканувал на својата две години повозрасна невенчанка сопруга и од него биле одземени ловечка пушка „застава“, футрола, 16 паричиња муниција и ремен за пушката.
-Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, известуваат од СВР Велес.
Убавка Јаневска


