Приведени двајца велешани кај кои бил пронајден хероин
Објавено: 10 ноември, 2022, во 11:14 часот
Дваесет и пет годишниот М.Г и триесет и четири годишнот Т.П од Велес, вчера, во 15:10 часот биле лишени од слобода на улица „Вера Циривири“ во Велес. Како што соопштуваат од Сектор за внатрешни работи Велес при преглед кај двајцата велешани, полициски службеници кај Т.П пронашле и одземале хероин.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк



