Приведени седум лица на „Бабуна“ во Велес, кај нив пронајдена дрога

Објавено на 4 септември, 2023 во 09:52

На „Бабуна“ во Велес полициски службеници во саботата на втори септември спрема трети, од 22:00 до 01:30 часот лишеле од слобода седум лица кај кои биле пронајдени различни видови дрога. Како што соопшти Министерство за ватрешни работи полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Велес и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај постапувајќи по претходно изготвен план за „Безбедно лето 2023“ и на местото, каде што се одржувала забава, извршиле контрола на повеќе лица и возила.

-Притоа, во 22.00 часот од слобода биле лишени 19-годишната А.М. од с.Теарце, тетовско, А.Т.(20) од Прилеп и Д.Т.(20) од Тетово затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и таблети екстази. Во 22.45 часот од слобода биле лишени И.Г.(29) и Ј.А.(20), двајцата од Велес, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин. Додека, во 01.30 часот од слобода биле лишени Р.С.(30) и 32-годишната С.С., двајцата од Скопје, затоа што при преглед во возилото во кое се превезувале биле пронајдени одземени марихуана и амфетамин, додаваат од МВР.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.