Приведени тројца мажи, во атар на Сирково фатени со товарени дабови огревни дрва без жиг
Објавено на 1 април, 2024 во 11:23
Шеесет годишниот Д.П и две години помладиот А.Ѓ од село Сирково, како и 65 годишниот кавадарчанец Љ.Ѓ, вчера, во атар на село Сирково, општина Росоман биле лишени од слобода од страна на полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Кавадарци.
– При преземање на службени дејствија во атар на село Сирково, полициски службеници во содејство со Шумска полиција ги затекнале А.Ѓ., Д.П. и Љ.Ѓ. со нивните трактори со кавадаречки регистарски ознаки со приколки во кои имало товарено дабови огревни дрва без жиг. Тракторите и дрвата биле одземени и предадени на Шумска полиција, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.
По документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Дума.мк