Пронајден човечки труп во велешка населба Тунел
Објавено на 7 јануари, 2024 во 14:04

Во Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во 12:25 часот било пријавено дека, во близина на Филтерна станица на Јавното комунално претпријатие „Дервен“ во Велес, бил пронајден човечки труп во поодмината фаза.
-На местото бил извршен увид од увидна екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на Институт за судска медицина Скопје заради утврдување на причините за смртта и утврдување на идентитетот, соопшти Биљана Ѓаковска, портпаролка на СВР Велес.
Убавка Јаневска
