Пронајден мртов маж со прострелна рана во двор на велешка болница
Објавено на 12 декември, 2022 во 10:40
Телото на 74 годишниот маж е откриено, вчера, 11 декември,околу 14:30 часот во кругот на Општа болница Велес кога и било пријавено во Сектор за внатрешни работи Велес.
Лекар од болницата ја констатирал смрта со прострелна рана од огнено оружје.
Според полицијата увид на местото извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција
Убавка Јаневска