Пронајден починат маж кој бил пријавен за исчезнат во село Ваташа, кавадаречко
Објавено на 4 септември, 2024 во 13:07
Полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Кавадарци, вчера, во 19:15 часот, во атар на село Ваташа, кавадаречко, пронашле тело на починато машко лице. Како што известуваат од Сектор за внатрешни работи Велес, по преземени мерки и препознавање од семејството било утврдено дека се работи за осумдесет годишниот А.В од село Ваташа, кавадаречко. Тој на 26 август, годинава, бил пријавен за исчезнат од страна на неговиот 57 годишен син В.В.
Од СВР Велес додаваат дека по овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција.
Дума.мк