Пронајдена кафеава прашкаста материја кај кавадарчанка
Објавено на 9 декември, 2021 во 11:13
Полициски службеници од Полициска станица Кавадарци вчера, околу 17:00 часот на улица „Слога“ во Кавадарци, ја лишеле од слобода триесет и едно годишната С.Б додека на службен разговор во полициска станица биле повикани триесет годишниот Ѓ.Т и една година помладиот С.К сите од Кавадарци.
– При преглед во возило „Ауди“, кое го управувал Ѓ.Т, а сопатници биле С.К. и С.Б, кај С.Б. биле пронајдени и одземени неколку пакувања со кафеава прашкаста материја, соопшти портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева