Пронајдено безживотно тело на 56 годишен маж во Росоман
Објавено: 29 декември, 2024, во 11:08 часот
Пријавата дека во близина на игралиштето, во помошна просторија – штала, во Росоман има безживотно тело на маж во Одделение за внатрешни работи Кавадарци евидентирана е вчера, во 11:40 часот.
Таму бил пронајден починат М.С.(56), затоашто тоа место било негово престојувалиште како бездомник. Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
Ангел Данов


