Прв ден уписи во четирите средни училишта во Велес
Од денеска до вторник, 25 јуни, до 15 часот, започна да се спроведува првото електронско пријавување на учениците за запишување во средно образование за учебната 2024/2025 година. Второто пријавување во јунскиот уписен рок ќе биде на 1 и 2 јули до 15 часот.
Според објавениот Конкурс на Министерството за образование и наука во четирите велешки средни училишта има слободни места за упис на 828 ученици.
Во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ во прва година ќе можат да се запишат 204 ученици во 6 паралелки и тоа 136 ученици во 5 паралелки со настава на македонски јазик и 68 ученици во 1 паралелки со настава на албански јазик. Според наставни планови и програми за гимназиско образование за упис на 204 ученици потребни им се минимум 60 поени минимум
Во ОСУ „Јовче Тесличков“ во прва година ќе можат да се запишат 118 ученици во 4 паралелки од кои 84 ученици во 3 паралелки со настава на македонски јазик и 34 ученици во 1 паралелка со настава на албански наставен јазик. Според наставни планови и програми за упис во Економско – правна и трговска струка, за Економски техничар/бизнис администратор во соработка со компании, техничар за е-трговија и дигитален маркетинг како и за Асистент деловен администратор во соработка со компании – економски техничар на албански наставен јазик потребни се минимум освоени 60 поени додека за Продавач-референт за продажни минимум освоени 30 поени.
Во ДСУ – Регионален Центар за стручно образование и обука „Коле Неделковски“ во прва година ќе се запишат 329 ученици во 11 паралелки со настава на македонски јазик. Според наставни планови и програми за: Машинска струка-машински техничар/ техничар се потребни минимум 45/55 поени, Ппроизводно машинство во соработка со компании -техничар за компјутерско мак миниму 45 поени, за Управување/машинско енергетски техничар -машински техничар за моторни возила во соработка со компании минимум 45 поени, за Автомеханичар-заварувач минимум 30 поени, за Бравар/браварка во соработка со компании Електротехничка струка и за Електротехничар за компјутерска минимум 55 поени, за Техника и автоматика – електротехничар за електроника минимум 50 поени, за Телекомуникации -техничар за индустриска мак минимум 55/45 поени, за Мехатроника/електротехничаренергетичар во соработка со компании -автоелектричар минимум 30 поени, за Сообраќајна струка – -техничар за транспорт и шпедиција минимум 60 поени, за Угостителско – туристичка струка – готвач/келнер/слаткар во соработка со компании минимум 30 поени.
Во ССОУ „Димитрија Чуповски“ во прва година ќе можат да се запишат 177 ученици во 6 паралелки со настава на македонски јазик. Според наставни планови и програми за: Хемиско – технолошка струка – Техничар за заштита на животна средина/хемиско – лабораториски техничар во соработка со компании минимум 45 поени, за Месопреработувач / пекар минимум 30 поени, за Здравствена струка – медицинска сестра и за фармацевтски техничаркако и за медицински лабораторискo санитарен техничар во соработка со компании како и за физиотерапевтски техничар/ гинеколошко-акушерска сестра во соработка со компании за лични услуги минимум 70 поени додека за Техничар за козметичка нега и убавина минимум 45 поени.
Убавка Јаневска