Реализирана првата крводарителска акција годинава во Чашка
Објавено на 10 февруари, 2023 во 17:27

Дваесет и четири мажи и пет жени се првите крводарителски херои годинава во Чашка. Вкупно 29 крводарители од општината уште еднаш на дело ја покажаа нивната хуманост.
Согласно прописите акцијата ја реализираа Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, помогнати од Општина Чашка.
Во реализацијата учество зедоа три волонтери на Црвен крст.
Дума.мк
