Реализирана втората крводарителска акција во Чашка по повод денот на општината
Објавено на 23 август, 2023 во 14:56

Осумнаесет крвни единици се собрани на втората крводарителска акција којашто денеска се одржа во Општина Чашка. Најхуманите граѓани од општината и на високите летни температури дојдоа, ја подадоа својата рака и донираа од најскапоцената црвена течност со цел да спасат нечиј човечки живот.
Од Црвен крст Велес соопштија дека во реализацијата на акцијата беа вклучени и четворица волонтери од Основната организација на Црвен крст од Чашка.
Инаку, крводарителската акција се одржа во организација на Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина, а помогнати од Општина Чашка и ООУ „Тодор Јанев“.
Стефани Манева
