Росоман ќе добие парк!

Објавено на 5 декември, 2012 во 22:40

Руинираниот простор околу старото училиште во Росоман се оплеменува.

Наскоро таму ќе биде завршена изградбата на парк во кој ќе можат жителите да го поминуваат слободното време  и да се рекреираат.

 

Проектот предвидува просторот да биде опремен со играчки, езерце, културни и мултимедијални компнент и многу други реквизити за исполнување на времето на најмладите. Во паркот ќе има архитектонски, партерни и хортикултурно уредени површини, збогатени со бина со плато, клупи, канти за отпадоци и друга урбана опрема. Исто така ќе биде изграден паркинг простор за триесетна возила, и фудбалски терен.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.