“Винеа“ : “Нема да им останеме должни на лозарите“ !
Лозарите и сопственикот на винарската визба “Винеа“ ќе се сретнат на заеднички состанок во Росоман.
Закажан е за во среда, а на него ќе се утврдува начинот и динамика за исплатата на побарувањењето на лозарите. Од визбата рекоа дека пари ќе имало за сите лозари независно дали ја тужеле визбата или не.
“На никого нема да му останеме должни. Со земјоделство се занимавам 35 години, лозар сум и ги знам вашите проблеми. Не велам дека “Винеа” беше сосема во право. Но морате да признаете дека сте имале и позитивни искуства со винаријата. Продажбата би можел да ја наречам криминална затоа што винарската визба беше продадена за помалку пари од реалната вредност.Немаше да се лутам да ја продадоа колку што вредеше па да бевте намирени и вие како лозари. А вреди над 3 милиони евра а ја продадоа за над еден милион. Се работи за винарија прекрасна, сред лозје. Многу ви благодарам за своевидната помош да ја вратиме визбата-им рече на лозарите претставникот на раководството на “Винеа“ Драган Канзуров.