ФОТО: Најмладите од Росоман во акција „Садница плус“
Објавено: 12 мај, 2014, во 12:35 часот
Дечињата од детската градинка „Праскичка“ од Росоман заедно со основците од „Пере Тошев“ денеска се вклучија во акцијата “Сaдницa плус” Тие садеа желaди. Во текот на акцијата беа засадени вкупно 400 желади.
Радоста кај дечињата беше неизмерна, а желбата да се засади и полее поголема од се.Тие ветија дека и во наредниот период ќе се грижат за садниците, редовно ќе ги полевале со вода.


