ФОТО: Росоманци донесоа уште една пратка хуманитарна помош во Црвен Крст
Објавено: 28 мај, 2014, во 12:21 часот
Жителите на Росоман уште еднаш ја покажаа својата хуманост. Собраната хуманитарна помош во храна, облека, хигиенски средства и флаширана вода во изминативе денови денеска беше донесена во просториите на кавадаречкиот Црвен Крст.
Во хуманитарната акција беа вклучени сите жители на Росоман. И најмладите активно донираа за настраданите во поплавите во Србија, Босна и Хрватска.
Благодарност до сите граѓани кои ја покажаа хуманоста на дело упатија од ОО на Црвен Крст Кавадарци и беше речено дека вратите на црвениот крст се отвроени и понатаму за донации.
