„Клара“ донесе град во Градско и во Росоман
Невремето не беше долготрајно но зафати дел од праскарниците, покрај регионалниот пат од Градско и во Росоман. Последната локација на која силниот дожд и градот оставија трага се овоштарниците кај бензинската пумпа во селото Сирково.
„ Штета има но колкава е дополнително ќе утврдиме,“ рекоа од општина Росоман.
Општинската комисијата за утврдување на штети попладнево ќе излезе на терен и ќе врши увид. Ќе ги евидентира површините и количините на уништени праски и други видови на овошје и зеленчук. Во текот на утрешниот ден ќе ги соопштат официјалните информации.
Во Градско нема струја и од општината велат дека прават напори што поскоро да се обезбеди електрична енергија за граѓаните од населбата.
Врнежи од дожд со силни грмотевици денес имаше и во Кавадарци. И таму снема струја но прекинот беше краток по што градот доби електрична енергија.