Росоман со нов кванташки пазар
Објавено: 30 јуни, 2015, во 14:55 часот
Од утре и официјално кванташкиот пазар во општина Росоман ќе работи од нова локација.Денеска се финализираа последните подготовки, а теренот е чист и подготвен од утре да одговори на потребите и на производителите и на откупувачите.
Старите простории на „Душан Ќирич“ беа привремено решение и иницијатива на граѓаните и на дел од советниците.
Градоначалникот на Росоман, Стојанче Лазов, очекува плодна работ оваа сезона од кванташкиот пазар на новата локација .

Со кванташкиот пазар ќе стопанисува Јавното комунално претрпијатие од Росоман. Негова ќе биде обврската за одржување и одлуката дали ќе се наплаќа и колкава таксата./ А.Д



