Татко и син во Росоман повредени со нож

Објавено на 23 декември, 2019 во 17:11

Rosomantepackasonoz fin

Момче од Албанија во физичка пресметка, со остар предмет, повредил татко и син од селото Рибарци во Росоман. 

„ Синоќа во 21.20 часот во СВР Велес било пријавено дека во Росоман, пред угостителски објект, по кратка вербална расправија, настанала физичка пресметка помеѓу средовечен жител на росоманското село Рибарци и неговиот 26 годишен син, од една страна и Б.К.(22) и неговиот татко П.К., двајцата од Албанија, од друга страна соопшти СВР Велес.

Б.К. со остар предмет ги повредил таткото и синот а по немилиот настан, повредените биле пренесени во болницата во Кавадарци. Полицијата работи на расчистување на случајот./У,Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.