Откриени 180 кг марихуана во возило кај село Манастирец, Росоман
21.03.2021
Во возило, со струшки регистерски ознаки, во кое освен возач се возел и совозач, вчера полицијата открила транспорт на 180 килограми мархуана. На возилото му било сигнализирано од страна на полициска екипа кај село Манастирец, Росоман да застане но тоа продолжило да вози со зголемена брзина.
Бегството и потерата не траеле долго. Полицијата успеала да го запре автомобилот и во контролата што следела да ја открие количината на дрога што ја транспортирале како и пиштол без дозвола кај едно од двете лица.
Обвинетите, по член 215 и член 396 од Крвичен законик, Основното јавно обвнителство Кавадарци ги предало на судија за претходна постапка на Основен суд Кавадарци кој на двајцата мажи им одредил мерка притвор во времетраење од 30 дена.
Убавка Јаневска