Во тешка сообраќајна несреќа, рано утрово, загина Кавадарчанец
Објавено: 25 декември, 2013, во 09:02 часот
Четириесет и две годишниот Зоран П, рано утринава, го загуби животот во несреќата што се случи на регионалниот пат Прилеп-Градско на влезот во село Росоман.
Тој го управувал патничкото моторно возило марка „Фолсфаген поло“ кое од засега неутврдени причини преминалo на левата коловозна лента на патот и излеталo во шанец.
Зоран починал на лице место.
Увид на лице место изврши јавен обвинител и увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес.

По наредба на јавен обвинител над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција./А.Д

