Само двајца позитивни пациенти на КОВИД 19 во велешка болница
Објавено на 20 април, 2022 во 16:12
Од вкупно 17 само двајца пациенти на болничко лекување, денеска, се позитивни на корона вирус. Четворица чекаат резултати од тестирање додека 11 се негативни но сеуште се зависни од здравствена нега и грижа.
-Во изминатите 24 часа на болничко лекување се примени двајца нови пациенти додека нема испишани од ЈЗУ Општа болница Велес. Од вкупниот број на лежечки пациенти тројца се на кислородна поддршка, рече портпаролката д-р Елена Левкова Ќулумова.
На Инфективно одделение се лекуваат осум и на Интерно одделение девет пациенти.
Убавка Јаневска