Само неколку часа по поставувањето на новите чешми во Велес, уништена една од нив (фото)

Објавено на 10 август, 2022 во 11:03
Фото: ЈКП „Дервен“

Чешми за вода поставени на четиринаесет локации во градот во текот на вчерашниот ден беа заменети со нови коишто имаат модерен дизајн и механизам за заштеда на водата. Тие не течат постојано како досега, туку се активираат на копче. Но славината на една од нив, по само неколку часа од поставувањето била оштетена, соопштија од Јавното комунално претпријатие „Дервен“.

Фото: Општина Велес

-Ниту еден ден не помина, а веќе е искршена славината на една од новопоставените јавни чешми, во паркот пред зградата на Општина Велес.  Без разлика дали се работи за вандализам или кражба, со уништувањето на јавните добра, штета се причинува на сите граѓани на Велес. Сите треба да допринесеме доколку сакаме да имаме поубав и почист град, пишуваат од ЈКП “Дервен“.

Фото: ЈКП „Дервен“

Инаку од Општина Велес соопштија дека планирано е поставување на дополнителни десет јавни чешми за вода на места кадешто има поголема фреквенција на пешаци.

Се апелира до сите велешани да ја чуваат урбаната опрема којашто е поставена во градот и да не ја оштетуваат бидејќи поубава животна околина е наше право но и наша обврска.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.