Санкционирани четири неисправни возила на територија на СВР Велес
Објавено на 27 јануари, 2022 во 15:48
Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес спровеле четири часовна акциска контрола на возила коишто вршат јавен превоз на патници, пред сѐ автобуси и комбиња.
– При контролата, откриени и санкционирани се четири технички неисправни возила, од кои две возила имале неисправни сопирачки, пишува во дневниот билтен на Сектор за внатрешни работи Велес.
Оттаму информираат дела засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови со апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Стефани Манева