Се преврте трактор, загина шеесет и две годишен земјоделец

Објавено на 9 мај, 2024 во 12:19

Несреќата се случила додека Т.К (62) од Неготино,  извршувал земјоделски активности на нива во месноста викана „Црно поле“. Тој го управувал тракторот, изгубил контрола и се превртел.

Шеесет и две годишниот неготинец  бил пренесен во Итна медицинска помош, каде што лекар констатирал смрт. Известен бил јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Неготино.

Несреќата се случила вчера, околу 13:00 часот.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.