Се запалила викендица кај „Бојаџиева чешма“, нема повредени лица
Објавено: 28 јули, 2023, во 15:51 часот
Викенд куќата на педесет и шест годишниот Д.А од Велес, кај „Бојаџиева чешма“, вчера, околу 10:30 часот се запалила. Пожарот бил пријавен во Сектор за внатрешни работи Велес и во Територијалната против пожарна единица. Од пожарот била зафатена и сува трева.
– Екипа на територијалната противпожарна единица Велес го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид на местото бил извршен од екипа од СВР Велес, соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
Дума.мк



