Шест странски државјани без дозвола работеле на градилиште во Велес
Тројца турци, двајца албанци и еден косовски државјанин, вчера, биле затекнати како работат градежни работи на објект без да поседуваат работна дозвола. Инспектори за странци при Регионалниот центар за Гранични работи Југ во координација со Државниот инспекторат за труд ја извршиле контролата на градилиштето во Велес.
-Државниот инспекторат за труд презел соодветни мерки кон изведувачот на работите на градилиштето. Странските државјани биле изведени пред судија за прекршоци, кој на пет лица им изрекол парични глоби и по една година протерување и забрана за влез во државата, додека на еден турски државјанин парична глоба и две години забрана за влез затоа што веќе имал
активна забрана за влез, соопшти Ристе Самарџиев, портарол на СВР Велес.
Дума.мк