Шест нови пациенти, засега сомнителни, на Инфективно одделение во велешка болница
Објавено на 30 август, 2021 во 16:50
Со новите шест, вкупниот број на хоспитализирани на Инфективно одделение денеска изнесува 43 пациенти. Шестемина засега се сомнителни на Ковид-19. На ова одделение има вкупно 40 додека на Интерно одделение се лекуваат тројца пациенти.
На кислородна поддршка се 20 пациенти.
Од велешка болница денеска транспортиран е еден пациент во приватна болница во Скопје.
Убавка Јаневска