Силен дожд,грмотевици и обилен дожд го поплавија Велес

Објавено на 25 мај, 2023 во 15:47

Во невремето проследено со силен и обилен дожд, проследен со силни и бројни грмотевици, улиците во центарот на градот наликуваа на езера. Водата што се слеа од ридовите околу градот создаде реки на коловозот и дваесеттина минути го парализираше сообраќајот.

Возилата се движеа со намалена брзина додека водата кај поранешна Стоковна куќа се излеа на тротоарите и плочниците.

Преходно Управата за хидрометеоролошки работи информираше дека силно невреме ги зафати Велес и околината. Исто така предупреди за можна појава на град.

„14:15 Невреме со пороен дожд, интензивни електрични празнења, силен ветер и можна појава на град во подрачјето на Велес“, информираа од УХМР.

Половина час траја врнежите на силен дожд. Засега нема пријави за штети на имоти на граѓани во Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.