Со Гурмански викенд започна предновогодишната програма во Кавадарци
Објавено на 15 декември, 2024 во 11:34
Гурманскиот викенд понуди мени со традиционална храна, греено вино, чај и колачи, информираа од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
Во наредните денови на програмата се и новогодишен базар и работилница, продажба на хуманитарни дела, фотографирање со Дедо Мраз, натпревар во најбрзо накитена елка, спектакуларни маскоти, трка со дедомразовци.
Општината најави дочек на Нова 2025 година на Градски плоштад додека предновогодишната програма е богата и разновиднапоточно за сите генерации на граѓани.
Ангел Данов