(Обновено) Сообраќајна несреќа по патарина „Сопот“ причина е за отежнат сообраќај на автопат Скопје – Велес
Сообраќајната несреќа се случила на 2 км по наплатна станица „Сопот“ на патниот правец А1 од Катланово – Велес. Причина што сообраќајот се одвива отежнато е увид од страна на полициска увидна екипа.
Екипите на Ј.П Македонија пат и сообраќајната полиција се на терен и работат на нормализирање на сообраќајот. Тешките моторни возила се стопираат пред Катланово се со цел да не се прави метеж.
Од Центар за управување со кризи информираат дека лесните моторни возила се пренасочуваат по патот преку езеро “Младост” .
За несреќата од Територијалната противпожарна единица Велес соопштија дека интервенирале и пожарникари .
„Во 13 часот од страна на полиција примена е дојава за превртено комбе на автопатот Скопје – Велес после патарина Сопот. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со 1 пп возило и 4 пожарникари спасители по пристигнување на лице место извадени се повредените лица“.
Според Марија Трајковска, главна медицинска сестра на Општа болница Велес, две повредени лица во сообраќајката биле примени на Хирушкото одделение каде по извршени испитувања и снимања се примени на болничко лекување и нивната здравствена состојба се следи.
Убавка Јаневска