(Видео) Советникот Гајдов: Оставката од советничката група на СДСМ во Општина Велес е морален чин што го очекувам и од останатите сопартијци, функционери

Кирил Гајдов е првиот функционер на ОО на СДСМ Велес кој даде оставка. Тој повеќе нема да биде член на Советот на Општина Велес. Неговата оставка е неотповиклива и како што рече во разговорот за Дума.мк е предизвикана од поразот на Претседателски и Парламентарни избори 2024 година. Гајдов очекува неговиот пример да го следат неговите сопартијци од локално до државно ниво со што, како што рече, ќе се овозможи комплетно реформирање на партијата со нови личности, млади, стручни и компетентни. Тој ќе останел во СДСМ, бидејќи тоа била неговата матична партија и се става на располагање за помош и поддршка.
Погледнете што друго им порача Кирил Гајдов на сопартијците во видео разговорот.
Кирил Гајдов во работата на Советот на Општина Велес учествуваше во два мандати од кои во дел од претходниот ја извршуваше функацијата Претседател.
Убавка Јаневска
