(Видео и фото) Сто дваесет средношколци обучени за Младински права, на завршна конференција на проектот „Иднината сум и јас“ формирано и тело за застапување
Право на образование, на еднаквост, на здружување, на слобода од дискриминација,на лична безбедност, на слободна мисла, на информирање, на вероисповед, на соодветен стандард на живот, на социјален напредок се само дел од листа со вкупно 50 човекови права коишто во рамки на вкупно 16 обуки, во изминатите три месеци, ги препознаа или утврдија за свои приоритети права вкупно 120 средношколци. Проектот, остварената цел и особено постигнатите резултати за изградените капацитети да препознаат прекршени права и да ги застапуваат се до остварување пред локалните и национални институции зборуваше проектната координаторка Маја Чадиева Јенсен.
Средношколците се ученици на СОУ„Гимназија Кочо Рацин“, ССОУ„Димитрија Чуповски“, ССОУ„Коле Неделковски“ и ОСУ„Јовче Тесличков“. Нивен обучувач беше Драгана Мирковиќ, експерт за Младински права. Мирковиќ е автор и на Прирачник за младинско учество, како проектна активност. Експертката денеска ја престави вклученоста на младите во процесот на донесување на одлуки во Општина Велес.
Преку видео конференциска врска на присутни вкупно 151 ученици, наставници, директори на средни училишта, претставници на граѓански организации, на ротари клуб искуствата за вклученоста на младите во процесот на донесување одлуки во Хрватска искуствата им ги пренесе Кристјан Орешевиќ од „Мрежа младих“ од Загреб, Република Хрватска. Граѓанска организација со која Фондација „Фокус“ започнува соработка.
Исто така, учениците како учесници во проектот „Иднината сум и јас“, денеска се мотивираа да бидат волонтери и да дадат личен придонес за подобра, похумана и локална заедница со поквалитетни услови за живот. И за нив и за семејствата, за соседите, за училиштата, за институциите, за граѓаните како во општина Велес така и во соседните Чашка, Лозово и Градско. Вториве, изградените капацитети, стекнатите знаења и искуства ќе ги пренесат и во местата на живеење.
Проектнатата асистентка Ивана Јордева ,на конференцијата, го промовираше формирано тело „Иднината сум и јас“, со по тројца преставници од секое училиште и избраниот прв претседател, Димитар Андонов од ССОУ„Коле Неделковски“. Телото ќе функционира како дел од Младински центар Велес.
Телото и Младински центар Велес, за почеток охрабрувачка поддршка доби од Ротари клуб „Велес“ во кои е здружена дел од бизнис заедницата во Велес. Претседателот д-р Благој Петров ги мотивираше средншколците да им достават квалитетни иницијативи кои ќе можат да ја добијат нивната финансиска поддршка.
Проектниот тим со благодарници им се заблагодари на четирите средни училишта во Велес, на наставниците одговорни за спроведување на проектните активности на Европска куќа Велес, на граѓанските организации Ротари клуб „Велес“, Фондација „Импакт нет“ од Велес, “Мобилност“ од Велес, „Мрежа Младих“ од Хрватска, „Isaiah 58-Ministries of Love“ од Алабама, САД и „Water-4-Life“ од Алабама, САД. Со нив беа потпишани и меморандуми за соработка.
Проектот „Иднината сум и јас“ е финансиски поддржан од Европска Унија, ЕУ за тебе, преку Механизам за граѓанска отпорност.
Стефани Манева