Студентите на Информатичка технологија програмираа робот кој е составен дел и на кампањата за упис на студенти на Меѓународен Славјански Универзитет (видео и фото)

Роботот е вклучен во кампањата за упис на студенти во прва година на Меѓународен Славјански Универзитет и особено е интересен на промотивните настани и саеми на кој што учествува оваа високообразовна институција во државата. Станува збор за преточени теоретски знаења во практичен иновативен производ со којшто не само за студентите, програмери од Факултетот за Информатичка технологија туку и за нивните професори претставува постигнување коешто зборува за взаемни постигнати резултати како на студентите така и на нивните професори, рече Игор Михајловски член на Управен одбор на Меѓународен Славјански Универзитет.
Меѓународен Славјански Универзитет на матурантите за упис во учебната 2025/26 година им нуди можност за упис i на Техничкиот факултет, каде освен за информатика, ќе имаат можност да се образуваат уште на две многу атрактивни студиски програми, Безбедност при работа и Управување со отпад. Втората студиска програма се нуди втора година и привлекува внимание бидејќи во скоро секоја општина во државата постои депонија и генерално оваа еколошка тема е насекаде атрактивна.
Меѓу најатрактивните секако е Факултетот за Психологија, како најстар на овој Универзитет, со исклучително добар кадар и многубројни активности за студентите зад којшто не заостанува Факултетот за економија со многу можности особено со практичната работа којашто овозможува студентите брзо да најдат работа, веќе во последната, завршна, година или веќе во наредната. За тоа освен праксата , исто така, помагаат и останатите компетенции коишто студентите ги стекнуваат и се потребни во реалниот свет, додаде Михајловски.

Според Михајловски, истовремено и Правниот факултет буди голем интерес кај матурантите кои се запишуваат на Меѓународен Славјански Универзитет, што во државата е долгогодишна востановена практика на студирање и за која овој Универзитет ангажира исклучително квалитетни, истакнати и квалитетни професори во оваа област.
Секако од особен интерес за Универзитетот се современите образовни програми како и можностите кои ги нуди новото време и модерната технологија за да им овозможат на студентите да се стекнат со знаења и вештини коишто функционално ќе ги применат со цел да бидат по конкурентни на домашниот но и на пазарот на труд во странство.
Меѓународен Славјански Универзитет на сите претходно спомнати факултети запишува студенти во Свети Николе и во Битола.
Убавка Јаневска
