Проф Стефан Прист: „Постои план Меѓународниот Славјански Универзитет да добие светско значење“

Објавено на 7 февруари, 2015 во 08:02

„Главната работа во филозофијата е поставување на прашања кои тешко можат да се одговорат кога се применува користењето на современите методи на науката или социологијата. Она што е особено значајно во филозофијата се темелните прашања. Таа не се осврнува на историјата која ги опфаќа мислителите како Декарт, Кант или останатите иако историјата е значајна по тоа што од неа учиме,“ рече професорот Стефан Прист, од Филозофскиот факултет при универзитетот Оксфорд пред студентите на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г.Р.Державин“ во Свети Николе.

Професор Прист соопшти дека постои план Универзитет во Свети Николе да добие значење во светски рамки и го изрази сопственото задоволство што заедно со Оксфортскиот универзитет ќе можат да дадат придонес на тоа поле.

Студентите на Меѓународниот Славјански Универзитет во Свети Николе исто така го проследија и предавањето на Кери Смолмен, еминентниот предавач од Оксфордскиот универзитет на тема „Зошто Британија ?“. Професорите гости се дел од одбележувањето на месецот на британска филозофија во Македонија. Во понеделник, на 9 февруари, ќе одржат предавања и пред студентите на овој Универзитет во Битола.

Нивните оценки и посветеност се особено значајни за втемелување на филозофската мисла и вклучување во светските текови, велат професори на Меѓународниот Славјански Универзитет во Свети Николе. Двајцата еминентни британски професори не се прв пат во Македонија.

„Доколку ја имам таа можност и привилегија повторно да ја посетам Македонија секако би бил задоволен особено поради можноста да учам уште повеќе за историјата на оваа земја. Исто така наоѓам големо задоволство во тоа што ќе можам да воспоставам размена на мисли со интелектуалците во оваа земја, што ќе можам да научам од нив и да пренесам знаење,“ рече професор Прист./У.Ј

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.