СВР Велес апелира до граѓаните да бидат внимателни со цел да не предизвикаат пожар на отворено

Сектор за внатрешни работи Велес апелира до своите сограѓани да бидат посебно внимателни при престој на отворено за да се избегне опасност од предизвикување на пожари од невнимание, потоа внимателно и совесно да се однесуваат во близина на шумски предели при палење скара, фрлање на отпушоци или фрлање на лесно запаливи отпадоци како и доследно да ја почитуваат забраната за движење во шума и шумско земјшите, секој од во период од 00:00 до – 24:00 часот.
-Поради актуелната состојба со пожарите на отворено и шумските пожари, како и подолгорочната временска прогноза според која тропски температури ќе го одбележат ова лето, постои сериозна закана од настанување и ширење на пожарите кои можат да предизвикаат големи материјални штети па дури и човечки загуби. МВР – СВР Велес упатува апел до граѓаните за навремено пријавување на било какви појави на несовесно однесување од страна на граѓани, со што би се
загрозила безбедноста на подрачјето или на било каков начин би предизвикале или
придонеле кон предизвикување на пожар, пишува во апелот на СВР Велес.
Оттаму додаваат дека брзата и ефикасна реакција од страна на граѓаните би овозможила и навремена и брза реакција на надлежните институции.
Стефани Манева
