СВР Велес: Од 15 ноември стапува на сила законска обврска за поседување зимска опрема
Објавено: 10 ноември, 2022, во 13:37 часот
Сектор за внатрешни работи Велес и Отсек за превенција ги известуваат сите возачи како и сопственици на моторни возила од подрачјето на град Велес, дека од вторник, 15 ноември, годинава, стапува на сила законската обврска за поседување зимска опрема на возилата.
-Со оглед на ова до отпочнување на законски предвидениот рок, Отсекот за превенција ќе реализира превентивни акциски контроли со цел да им укаже на возачите за потребната опрема која треба да ја имаат, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.

Инаку, законската обврска за поседување зимска опрема ќе трае до 15 март, 2023 година.
Стефани Манева



