СВР Велес поднесе кривична пријава против маж од Башино село
Објавено на 21 ноември, 2023 во 09:28

Дваесет и девет годишниот А.Г од село Башино село, велешко, доби кривична пријава од Сектор за внатрешни работи Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”.
-На 06.07.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана, соопштија од Министерство за внатрешни работи во дневниот билтен на настани од 20 ноември, годинава.
Дума.мк
