СВР Велес реализираше превентивна активност за побезбеден сообраќај во детската градинка
Во детската градинка „Димче Мирчев“ во Велес, вчера, полициските службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Велес заедно со Отсек за превенција при СВР Велес, реализираа едукативна работилница на тема сообраќај, сообраќаен полицаец и сообраќајна безбедност, наменета за деца од предучилишна возраст.
-Полициските службеници низ интерактивен пристап ги запознаа децата за улогата и работата на сообраќајниот полицаец, како и за основните правила и прописи важни за безбедноста на децата во сообраќајот како пешаци. Во разговори со децата, низ практични примери, тие имаа можност да се запознаат со начинот на кој функционираат семафорите, зошто се важни тие, што значи пешачката “зебра“, како да се движи пешакот по тротоар и слично, соопштија од Министерство за внатрешни работи.
Исто така на децата, од страна полициските службеници им беа поделени пригодни едукативни материјали – боенки- од областа на сообраќајот.
Стефани Манева