СВР Велес со неколку превентивни активности за учесниците во сообраќајот и учениците

Објавено на 27 април, 2023 во 11:29

Отсекот за превенција при СВР Велес во соработка со Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес, како и Локалниот совет за превенција при општина Велес, во понеделникот, на 24 април,  ја започнаа заедничката превентивна кампања  фокусирана за возачите на мотори на подрачјето на градот.

– Целта на оваа кампања е подигнување на сообраќајната култура на возачите на мотори во сообраќајот во град Велес, а е реализира под мотото „Носи кација, вози внимателно“  и пред сѐ е насочена кон помладите категории граѓани кои се, всушност, и во најголем број возачи на мотори. Дополнително, сообраќајно воспитна активност е насочена кон возачите на мотори, бидејќи токму во претстојниот временски период зголемен е бројот на овие учесници во сообраќајот во градот, соопштија од Министерство за внатрешни работи.

Исто така, полициските службеници укажуваа дека овие превозни средства потребно е да бидат соодвено означени и технички исправни додека возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и задолжително да носат зашититен шлем или кацига.

Покрај усното укажување на возачите на мотор околу правилата и прописите, на истите им беше поделен и соодветен печатен едукативен материјал, со корисни совети за возачите на мотори изработен од Отсекот за превенција при СВР Велес и Локалниот совет за превенција при општина Велес.

Потоа, на 25 април, во вторникот, Отсекот за превенција при СВР Велес  заедно со полициски службеници од ПС за БПС Велес, реализираа едукативна средба со учениците од второ одделение од ООУ „Панко Брашнаров“ од Велес,  на тема  – „Да ги заштиме децата во сообраќајот“.

-На учениците им беа објаснети сообраќајните правила и прописи  – движење по тротоар, преминување на улица на пешачки премин, значење и функционирање на светлосно сигналните уреди и сообраќајни знаци, а  потоа учениците беа запознаени со полициската работа.  Притоа, беше презентиран дел од опремата која ја користи полицијата во секојдневното  работење, додадоа од МВР.

Исто така, во вторникот, полициски службеници од ОВР Кавадарци во содејство со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата -Кавадарци, како и Црвен крст од Кавадарци реализираа едукативна работилница на тема „Безбедна прослава на матурските вечери“ со учениците-матуранти од четврта година од гимназијата „Добри Даскалов“ во Кавадарци.

За време на работилницата на која учествуваа околу 60- тина ученици од оваа гимназија, преку видео презентација беа запознаени со штетноста, но и казнивоста на девијантното однесување, особено во поглед на нарушувањето на јавниот ред и мир, непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и слично.

Покрај едукативното предавање, на учениците им беа поделени и печатени материјали со соодветни информативно-едукативни пораки во врска со безбедното прославување на матурските вечери.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.