СВР Велес: Употребен остар предмет во групна тепачка, приведен велешанец за повеќе кривични дела

Објавено на 12 мај, 2023 во 10:46

Сектор за внатрешни работи Велес информира дека во текот на вчерашниот ден, во полициска станица, била пријавена една групна тепачка и бил приведен велешанец за повеќе кривични дела.

Поточно, триесет годишниот И.Д од Велес, вчера, околу 19:30 часот, од страна на полициски службеници бил лишен од слобода бидејќи се сомничи за повеќе кривични дела.

-При преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Лицето е приведено во полициската станица во Велес и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.

Потоа, во полициската станица било пријавено и дека во село Ваташа, во 20:46 часот, имало тепачка помеѓу 38 годишниот Г.М од селото од една страна и 57 годишниот З.И и 36 годишниот Б.П од друга страна. Од Сектор за внатрешни работи Велес додадоа и дека Г.М. употребил и остри предмети.

 Г.М. е приведен во Полициската станица во Кавадарци и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.