Татко ја тепал ќерката, приведен во Полициска станица Велес
Објавено на 8 август, 2022 во 10:34

Полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода, вчера вечер околу 22:00 часот, четириесет и осумгодишниот Г.Ј од велешко. Полицијата постапила по пријава. Г.Ј го пријавил член на неговото семејство поради физички напад на неговата ќерка. На физичкиот напад му претходела кратка вербална расправија помеѓу таткото и ќерката.
Физичкиот напад се случил во семејната куќа.
„Лицето е приведено во Полициска станица во Велес и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок,“ соопшти СВР Велес.
