Тепачка помеѓу двајца мажи пред бензиска пумпа во Велес
Објавено: 14 септември, 2023, во 13:29 часот
Сектор за внатрешни работи Велес информира дека вчера, околу 06:00 часот било пријавено дека пред бензиска пумпа во Велес настанала физичка пресметка помеѓу педесет годишниот З.Ј од Велес и шест години повозрасниот М.М од село Горно Оризари, велешко.
Оттаму додаваат дека се работи за расчистување на случајот по што ќе следува соодветна пријава.
Дума.мк



