Тепачка пред казино во Неготино, еден од нив се однесувал агресивно и кон полициски службеници
Сектор за внатрешни работи Велес, преку дневниот билтен информира дека ноќеска, два часа и петнаесет минути по полноќ, во Одделение за внатрешни работи триесет и едно годишниот Ј.А од Неготино пријавил дека пред казино во градот бил физички нападнат од друг неготинец, поточно една година помладиот Р.В.
Скоро половина час подоцна, полициски службеници од ОВР Неготино го привеле Ј.А 31 година бидејќи пред казино го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.
-Во првиот случај по документирање на настанот против Р.В. ќе биде поднесена соодветна пријава, додека за вториот настан Ј.А е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Велес.
Дума.мк