Тепачка пред угостителски објект во Демир Капија
Објавено на 10 јануари, 2022 во 10:32

Во полициска станица Неготино, триесет и едно годишниот Р.П од Демир Капија пријавил дека во петокот, 7 јануари, два и пол часа по полноќ, бил физички нападнат од неколку лица пред угостителски објект во Демир Капија.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева
