Третото авионско третирање против комарци во Велес ќе се реализира во недела,13 август

Објавено на 11 август, 2023 во 11:32

Поради неповолни временски услови, третото авионско третирање против комарци наместо во сабота, на 12 август ќе се изврши во недела на 13 август, годинава, соопшти Општина Велес. Периодот на авионското третирање останува ист,утрото помеѓу 05:00 и 08:00 часот.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, село Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од село Башино село низ Велес, се до вливот на река Бабуна и село Горно Караслари. На запад границата започнува од населба Превалец, преку населба Керамидна кон фабрика „Киро Ќучук“ и село Горно Оризари.

„Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина. Третманот се врши со средство KULFAK 50 ЕС, биоциден производ на производител  KULSAN ILАС, од Турција. одобрено од Министерството за здравство на Република Северна Македонија, број на Решение 19-359/2 од 30.04.2018 година,“ соопштија од општината.

Општина Велес ги известува пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

Третата Аеросолна дезинфекција општината ја спроведува како општа мерка согласно Законот за заштита на населението од заразни болести.  

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.