Три девојки повредени во центарот на Неготино

Објавено на 3 јуни, 2021 во 12:04
Булевар „Маршал Тито“ Неготино

Во три седумнаесет годишни девојки, синоќа, околу 21:00 часот, на булевар „Маршал Тито“ во Неготино, удрило возилото марка „Фолксваген – Поло“ . Сообраќајната незгода се случила во момент кога девојките поминувале на пешачки премин. Возилото со неготински регистарски броеви го управувал 35 годишниот М.И од село Пепелиште, неготинско. На местото на незгодата интервенирала Итна медицинска помош што потоа ги пренела повредените пешаци во Општа болница Неготино.

-Вчера вечер, околу 21:00 часот, во болница се донесени три пациентки коишто како последица од удар на автомобил се здобиле со полесни телесни повреди. Една од девојките се жалела на болки во лев рачен лакт и лева подлактица. Втората пациентка на болки во лев рачен зглоп додека третата пациентка на болки во главата како последица од здобиен удар. По направени прегледи и снимања констатирани се полесни телесни повреди и по препишана терапија од страна на дежурен лекар се испратени на домашно лекување, рече Д-р Горан Стојанов, специјалист по Интерна медицина и началник на Итна медицинска служба во Неготино.  

Според СВР Велес, на местото на незгодата бил извршен увид од страна на полициски службеници. Резултатите од увидот ќе треба да ги откријат причините што ја предизвикале сообраќајната незгода.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.